За една недела почнува теренска вакцинација, во „Борис Трајковски“ ќе се прима само втора доза

Од:

До петок здравствените домови каде што досега се вршеше вакцинација ќе треба да изготват план за теренска вакцинација – со комбе ќе се оди во селата и во руралните средини и на граѓаните кои досега не биле во можност да се вакцинираат против Ковид-19, ќе можат да примат вакцина на лице место.

Претходно, жителите на руралните средини ќе бидат информирани кој ден и на кое место ќе се врши вакцинацијата.

Во „Борис Трајковски“ и во останатите спортски сали најверојатно од наредната недела ќе се врши само ревакцинација на граѓаните.

Вакцинацијата, освен на терен, ќе се одвива и на постоечките пунктови каде што и досега можеа да се вакцинираат граѓаните. Тие ќе можат да примат вакцина и без закажан термин, односно ќе треба само да се појават на најблискиот пункт.

При теренската вакцинација најверојатно ќе се аплицира кинеската вакцина „Синовак“. На пунктовите за вакцинација пак, на располагање освен „Синовак“ се и вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“, а се очекува да пристигне и руската „Спутник В“.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски