За една недела нови 1.700 заболени од грип

Од:

Нови 1.700 заболени од грип регистрирани се во текот на изминатата недела, во најголем дел од подтипот Х1Н1, информираат од Министерството за здравство.

Според Министерството, тоа е за два пати поголема бројка заболени лица од неделата пред тоа, а поголема е и од бројот на регистрирани заболени во овој период минатата година.

Од вкупниот број, најголем број заболени има во Скопје, близу 700 лица, Тетово со 600 случаи, а следат Струмица и Куманово.

Во однос на старосната граница, најголемиот број од заболените, околу 60 отсто, се од 15 до 64 години. Најмногу заболуваат децата под четири години, односно 24 на 100.000 деца од оваа возраст.

Од Министерството сугерираат почитување на препораките за заштита од ширење на грипот.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти