За бистите на Жинзифов и Сандански нема место во Чаир

Од:

Продолжува „војната“ околу имињата на училиштата во Чаир. Државниот просветен инспекторат информира дека до 16 септември е рокот до кога треба да бидат отстранети неправилностите во четирите основни училишта во  Општина Чаир и дека по истекот на рокот ќе изврши контрола. Врз основа на контролниот инспекциски надзор ќе се преземат мерки согласно со законот, соопштуваат од Инспекторатот.

Четирите основни училишта ја почнаа новата учебна година со променети имиња на основните „Јане Сандански“, „Рајко Жинзифов“, „Никола Вапцаров“ и „Цветан Димов“ во  „Јашар-бег“, „Исмаил Ќемали“, „Имри Елези“ и „Хасан Приштина“.Пред една недела општината го сменила и името на основното училиште Седми март со името на косоварот Адем Јашари еден од основачите на УЧК.

За новите имиња  Чаир,  не до­би­ одоб­ре­ние од Ми­нис­терс­тво­то за об­ра­зо­ва­ние. Ин­спек­то­ра­тот им даде рок од осум дена старите табли да бидат вратени на место, за што во спротивно ќе по­ве­де пре­кр­шоч­на пос­тап­ка пред су­до­ви­те про­тив прав­ни­те и од­го­вор­ни ли­ца.

И уште дополнително учиштата во Чаир ги отстранија и бистите на Јане Сандански и Рајко Жинзифов

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците