За 6,6 отсто зголемен бројот на деца во градинки и центри за ран детски развој

Од:

Вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки и центри за ран детски развој изнесува 37615, што претставува зголемување за 6,6 отсто во однос на 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика од 30 септември 2018 година.

Со годишните извештаи во 2018 година се опфатени 103 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за четири отсто повеќе во однос на 2017 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи (групи деца во развоен период до две години, од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи деца со пречки во развојот, групи деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, како и групи за вонинституционална форма на активност.

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он