А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За 29 проценти повеќе патници од аеродромите во Скопје и Охрид

by А1он11/04/2015 - 11:53191
Share0

Во првиот квартал годинава преку аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени 268.400 патници, што во однос на истиот период лани кога биле превезени 207.963 патници, претставува зголемување од 29, 1 отсто, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Добивај вести на вибер

На Скопскиот аеродром во периодот од јануари до март годинава се регистрирани 264.165 патници, или за 29,3 отсо повеќе во однос на истиот период од минатата година кога се превезени 204.285 патници.

Во првите три месеци од годинава на аеродромот во Охрид се превезени 4.235 патници, што во споредба со истиот период од 2014 година кога биле превезени 3.678 патници, е зголемување за 15,1 процент.

Во јануари, февруари и март годинава најчести дестинации според бројот на патници зсе Истанбул, 15 проценти, Цирих 8,6 проценти, Базел 6,4 проценти, Виена 6,6 проценти, Малме 6,2 проценти, Лондон со 5,6 проценти и Минхен 4,7 проценти.

Од јуни годинава ќе се воведат директни линии за пет нови дестинации до европски градови. Ќе има два пати неделно летови од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен, а од „Св. Апостол Павле“ од Охрид, ќе се воведе директен лет до Базел, исто така, два пати неделно.

– Забележаниот континуиран раст на бројот на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај. Во тој контекст позитивните политики за развој на воздушниот сообраќај ќе продолжуват да се применуваат и во наредните години, со цел промовирање на нашата држава како атрактивна туристичка и бизнис дестинација, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

tav

Би можело да ве интересира

Откажани 9 лета на скопскиот аеродром поради густата магла

Горан Наумовски02/01/2023 - 15:56

Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти за 75 општини

Жарко Настоски23/12/2020 - 20:33

Со 35 милиони евра пренаменети од ТАВ, ќе се градат 99 инфраструктурни проекти

Жарко Настоски11/12/2020 - 18:09

Иванов го одликуваше со медал за заслуги извршниот директор на ТАВ, Сани Шенер

Кристијан Ландов04/02/2019 - 14:11

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ

Кристијан Ландов04/02/2019 - 14:04

„ТАВ Македонија“ за промената на името на аеродромот: Ќе постапиме како што вели Владата

Ана Ололовска07/02/2018 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен