А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ

by Кристијан Ландов04/02/2019 - 14:04317
Share0

Соработката на Владата со концесионерот на аеродормите во Скопје и во Охрид, турски ТАВ, ќе се продлабочува и ќе се забрза процесот на реализација на инвестициите од ТАВ за инфраструктурни проекти во износ од 35 милиони евра, најавиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.

Следете a1on на Instagram Instagram

– На средбата се разговараше за забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија. Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да почне реализацијата на овие проекти, соопшти по средбата владината прес-служба.

Оттаму информираат дека на средбата е потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува.

– Премиерот Заев ја истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји.  Извршниот директор и претставниците на ТАВ го поздравија зачленувањето во НАТО на нашата земја која наскоро ќе се нарекува Република Северна Македонија и започнувањето на преговори со Европската Унија како важни процеси за стабилна бизнис клима и економски напредок на земјата, се вели во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

ТАВ е концесионер на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродормот „Св.Апостол Павле“ во Охрид од март 2010 година. Најавата за инвестиците во инфраструктурните проекти уследи по одлуката на турската компанија да не гради карго аеродром во Штип бидејќи мерењата покажале дека тоа не е можно поради силината и правецот на ветровите.

tavvlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео