А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Рускоска кон сведокот предложен од Душко Лазаров: Немате поим што се случувало на 27 април?

by А1он11/12/2018 - 11:5011/12/2018 - 13:50478
Share0

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот Душко Лазаров.

Следете a1on на Instagram Instagram

Алексовски е вработен во МВР, како началник за јавен ред и мир и превенција во Бирото за јавна безбедност. Во неговото сведочење објаснуваше каква била организацијата и процедурата за командана одговорност за настаните од 27 април. Сведокот рече дека листата на ангажирани припадници на МВР во оперативниот тим се сменила пред настаните на 27 април. Првин биле 17 членови, а потоа останале само 6.

Обвинителката Вилма Рускоска му поставуваше прашања на сведокот за да го дискредитира и рече дека не бил сосема запознаен со Упатството во МВР за златна, сребрена и бронзена команда, особено со членот 20 од тој документ.

„Ако стигнала наредба од министерот за внатрешни работи, дали членовите на оперативниот тим мора да постапат“, праша обвинителката.

Следете a1on на Youtube YouTube

Алексовски рече дека има систем на хиерархија и дека наредбата од министерот може само да се пренесе.

„Дали може да заклучам дека немате поим што се случувало на 27 април?“, праша Рускоска.

Тој потврди дека четири дена пред настаните во Собранието зел годишен одмор, а го викнале вечерта на крвавиот четврток во 21.30 часот и дошол за половина час.

Сведокот го испрашуваа и обвинетите Александар Василевски Нинџа и Митко Чавков.

Денеска треба да сведочат и сведоците на обвинетиот Горан Ѓошевски, меѓу кои експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Дополнителни сведоци предложија и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предложи да сведочи пратеникот Зијадин Села.

Васко Маглешов

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто