За 24 часа: Полицијата интервенираше по пет пријави за семејно насилство, приведени двајца

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие две лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство.

Полициски службеници од Полициска канцеларија Градско вчера во 15:35 часот во Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, а последно на 14.06.2026, кога тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од СВР Скопје виноќа во 22:40 часот го лишиле од слобода А.Б.(56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека подолг временски период, таа и нејзините деца, биле психички и физички малтретирани од него. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Утринава во 06:15 часот во СВР Скопје, ПС ОН Аеродром , 37-годишна жена пријавила дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, петмина приведени

Катерина Ѓуровски

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Четири лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Девојче сакаше да се самоубие поради насилниот татко, а скопјанка скокна од возило за да се спаси од насилниот сопруг

Скопјанец ја повреди сопругата и нејзината мајка, се закануваше дека ќе си го убие детето

Горан Наумовски

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени