Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.686 странски државјани, од кои 2.107 се од машки пол, 635 се од женски, 674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 270 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.808, Авганистан –961, Ирак-560, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до утрово до 8 часот, издадени се потврди на вкупно 140.976 странски државјани, од кои 91.574 се од машки пол, 19.043 се од женски, 24.921 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.438 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-98.504, потоа Авганистан-22.287, Ирак-9.903, Пакистан-3.518, Палестина-1.437, Иран-1.342, Сомалија-794, Бангладеж-770, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207, Еритреја-196, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.
Во изминатите 24 часа до Одделението за азил поднесени се две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, од државјани од Авганистан.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до утрово до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан, од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се шест баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четири баратели на азил (малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.