За 24 часа издадени 2.621 потврди за барање азил

Од:

Во текот на вчерашниот ден за 24 часа на вкупно 2.621 странски државјани се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од лицата 1.100 се од машки пол, 563 од женски, 937 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 21 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–953, Сирија-945 и Ирак-723.

Во периодот од 19 јуни до 13 декември годинава до полноќ издадени се потврди на вкупно 336.841 странски државјани, од кои, 188.040 се од машки пол, 54.953 од женски, 75.971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.877 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-193.586, Авганистан-81.939, Ирак-39.875, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

До Секторот за азил вчера не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на издавањето на потврдите до 13 декември годинава до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13 декември годинава евидентирани се вкупно 25 баратели на азил од кои седум мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи) се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст од 10 до 13 декември годинава на граничниот премин Табановце им укажале помош на 680 лица, а во Гевгелија укажана е прва помош на 2.192 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ