За 24 часа издадени 2.426 потврди за барање азил

Од:

Во изминатото деноноќие на 2.426 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од нив 1.046 се од машки пол, 476 се од женски, 873 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 31 дете кое патува без родител.

МВР денеска соопшти дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-995, Авганистан–815 и на Ирак-616.

Во периодот од 19 јуни годинава до вчера до полноќ, издадени се потврди на вкупно 341.920 странски државјани, од кои 190.131 се од машки пол, 55.968 се од женски, 77.904 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.917 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-195.616, потоа од Авганистан-83.498, од Ирак-41.365, од Иран-6.231, од Пакистан-5.416, од Палестина-2.158, од Сомалија-1.276, од Бангладеш-1.253, од Мароко-1.317, од Конго-514, од Алжир-453, од Либан-434,  од Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

До Секторот за азил вчера не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно 26 баратели на азил од кои осум мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвениот крст на Табановце на 14-ти и 15-ти овој месец укажале прва помош на 168 лица, поделиле 362 шишиња вода, четири пакети со храна, 36 пакети со хигиена, 12 сетови за бебе, 126 ќебиња, 42 чоколадно млеко и 95 пелени за бебе.

Мобилните тимови на Црвениот крст во Гевгелија укажале прва помош на 308 лица, поделиле 1.092 шишиња вода, 24 пакети со хигиена, 15 сетови за бебе, 84 ќебиња, 10 пакети прва помош, 142 пелени за бебе, 48 шишиња за бебе, 24 чоколадно млеко и пет вреќи за спиење.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска