А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

За 24 часа издадени 1.601 потврда за барање азил на мигранти

by А1он17/01/2016 - 11:33117
Share0

Во текот на вчерашниот ден издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.601 странски државјани. 696 лица се од машки пол, 350 од женски, 552 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без родител.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-865, Авганистан–381 и Ирак-355.

Во периодот од 1 јануари годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 30.900 странски државјани, од кои 13.024 се од машки пол, 6.652 од женски, 11.124 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 100 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-14.852, Авганистан-10.199 и Ирак-5.846.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 1 јануари годинава до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

migranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео