За 2020 година ќе се распределат 1.440 годишни и 2.280 месечни транспортни дозволи

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната средба во Велес со претставниците на Макам–Транс на која се разговараше за претстојната расределба на транспортни дозволи за 2020 година, исткна дека во октомври возачите ќе можат да аплицираат за годишни ЕКМТ дозволи и оти на располагање се 139 базни дозволи.

Како што соопшти Кабинетот на Сугарески, тој потенцирал дека електронскиот систем за распределба на транспортните дозволи е максимално функционален и се базира на доверба и транспарентност и оти целта е обезбедување на што поголема покриеност на транспортерите со дозволи, а од друга страна на транспарентен начин да се изврши дистрибуција на дозволите.

-За следната година, Министерството за транспорт и врски ќе распредели 1440 годишни ЕКМТ дозволи за возила со Еуро 6 стандард. Имајќи го во предвид и возниот парк на превозниците во нашата држава оваа година се одлучивме да обезбедиме доволен број на месечни ЕКМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандард и за таа цел за следната година Министерството за транспорт и врски ќе издаде 2.280 месечни ЕКМТ дозволи за Еуро 5 возила, изјави Сугарески.

Министерството, како што рече тој, континуирано ја следи динамиката на трошењето на поединечните транспортни дозволи и врз основа на тоа се обезбедени дополнителен број транспортни дозволи.

-Остваривме повеќе контакти со ресорните министерства од други држави за обезбедување на дополнителни дозволи и врз основа на таа соработка, Република Турција достави дополнителни 100 билатерални транспортни дозволи за празни камиони и 100 дозволи со важност за и од трета земја, Австрија достави 250 универзални транспортни дозволи, а Република Бугарија ќе достави 150 дополнителни транспортни дозволи за и од трета земја, рече Сугарески.

Електронското аплицирање за транспортни дозволи за 2020 година ќе се врши од 13 до 15 октомври.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска