Вучиќ: Покана до Заев за одржување заедничка седница на двете влади

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја известил амбасадорката на Македонија Вера Јованвска Типко дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава во Белград.

– Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно на унапредување на нашите односи, нагласил Вучиќ на почетокот на средбата, прва откако Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје на итни консултации во Белград.

Вучиќ и Јовановска Типко, како што пренесува Танјуг, разговарале и за што побрзо одржување на Мешовитиот комитет за економска соработка. Српскиот претседател разговарал со македонската амбасадорка и за можностите за унапредување на добрососедските односи и на традиционалните пријателски врски меѓу двете земји и нивните народи.

Како теми за кои би се разговарало на зедничките состаноци кои претстојат, би биле унапредувањето на соработката во сите сфери, особено во економијата, туризмот и заедничкиот настап на трети пазари. На средбата е нагласено и значењето на соработката во областа на науката и културата и заштитата и зачувувањето на јазиците на српското и на македонското национално малцинство во двете земји. Констатирано е и дека соработката на стопанските комори на двете земји е многу добра за што показател е и основањето на Српско-македонскиот бизнис клуб, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

ВИДЕО: Загина пилот на Војската на Србија во пад на МиГ-29 кај Стара Пазова

Катерина Ѓуровски