Вучиќ: Македонија го смени името, им ветуваа кули и градови, а на крајот не ги отворија преговорите

Од:

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ниту со оваа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ објаснувајќи во телевизиско интервју зошто Србија нема отврено ниту едно преговарачко поглавје со ЕУ оваа година.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги залажуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, рече Вучиќ.

Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.

– Ако продолжиме вака, и ако сме број еден во следните три години во однос на економскиот раст во Европа, таа разлика драстично ќе се намали, посочи претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Прифатено е главното барање на блокадерите – вонредни парламентарни избори следната година

А1он

Вучиќ: „Отвораме фабрики за дронови во Србија, работиме со голема странска сила“

ВИДЕО: Филипче го нарече Мицкоски „малиот Вучиќ“ и обвини за подривање на СДСМ финасирано од Алта банка

Вучиќ: Србија нема поддршка од ниту една голема сила

А1он

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски