Второ видео од разговорот Груевски-Заев

Од:

На Јутјуб е објавено и второ видео, снимено во кабинетот на премиерот од средбата Груевски-Заев.

И ова видео е со лош квалитет, а поставено е од ист извор како и првото, кое ТВ Сител го објави во дневникот и напиша дека Заев кажал дека материјалите му се од тајни служби.

Повеќе се слуша Груевски како потпрашува дали материјалите се од странска служба и чека одговор. Снимката е дополнение на пропагандата на провладините медиуми и прогнозите дека “се работи“ за грчката разузнавачка служба, со што треба да се убеди јавноста дека Заев е предавник, а Груевски патриот-што претходно беше и подготвено во неговиот говор “Ние не сме македончиња, ние сме Македонци“. Но на титлуваната снимка, која не се слуша јасно пишува дека Заев вели како снимките не се од ниедна земја од соседството. Заев уште во саботата кажа дека немал ни намера во разговорот со Груевски точно да му каже од каде се материјалите и рече дека се од домашни извори под контрола на власта.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов