Второ место во Русија за тим македонски архитекти

Од:

Тимот на македонски и странски архитекти предводен од архитект Сара Симоска во втората фаза на конкурсот „ДОМ Русија“ за стандардно домување го освои второто место во категоријата Централен модел (розова боја).

Официјалното прогласување беше во Калининград на 19 мај на форумот „Се за домувањето“, каде учествуваа различни професионалци од целиот свет и разговараа за подобрување на стандардите за живеење за сите луѓе.

Проектот на Сара Симоска е награден за предложување свеж распоред на становите.

– Задача на тимот беше да испроектира три типови станбени згради и 15 типови станови од различни димензии (20, 40, 60 , 80 и 100 м2).
Руското Министерство инвестира во овие архитектонски проекти со цел инвеститорите на станбените згради да можат директно да ги користат и притоа да е загарантиран повисок стандард на домување, запазувајќи ги критериумите за квалитетен простор, одржлива ефикасност, доволна количина на јавни простори, пешачко движење и зеленило, вели Симоска.

Жирито се состоеше од руски политичари, како и руски и странски архитекти и урбанисти.

За потребите за учество во втората фаза на конкурсот Сара Симоска го отвори архитектонското студио во Скопје „Сара Симоска Архитектура“.

Во тимот кој работеше на втората фаза на проектот беа Сара Симоска – главен архитект проектант, Александар Алексоски – партнер архитект проектант, Марта Столевска – архитект, Наталија Веселинова – практикант, Милица Савеска – практикант, Александар Ангелов – практикант, Валбона Седалиу – практикант, Мохамед Ибрахим (Египет/Италија) – 3д визуелизација и Татјана Григорошенко (Русија) – Макета и Полина Черкасова (Русија) – Макета.

Би можело да ве интересира

Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Ана Ололовска

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Ана Ололовска

Архитектите во одбрана на ресторанот „Парк“, бараат запирање на постапката до целосен увид во документација

Ана Ололовска

Мишко Ралев избран за нов претседател на УО на Асоцијацијата на архитекти

Ана Ололовска

Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Ана Ололовска