Втори експертски консултации за евроинтеграциите меѓу македонското и грчкото МНР

Од:

Македонија очекува поддршка од Грција за донесување одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

Ова било посочено од македонска страна на вторите консултации за прашања поврзани со евроинтегративниот процес одржани вчера во Скопје меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција.

– Во однос на процесот на пристапување во ЕУ, македонската страна пренесе очекување за поддршка од Грција за донесување на одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година, што би било во согласност со иницијативата Агенда 2014 на грчкото Претседателство со ЕУ за ревитализирање на процесот на пристапување на земјите Балканот во ЕУ, соопшти МНР.

Македонската делегација ја повтори стратешката определба за натамошно унапредување на добрососедските односи со Република Грција, потврдена и преку доставените иницијативи за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе области, како и за интензивирање на билатералниот политички дијалог и контакти на сите нивоа.

Во фокусот на разговорите, како што се наведува, беа теми поврзани со секторската соработка од аспект на процесот на европска интеграција. Беше потврдена заемната заложба за реализирање на веќе договорените иницијативи за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, како и оние за интензивирање на експертската соработка и дијалог во областа на транспортот и животната средина. Беше заеднички констатиран интерес за натамошно унапредување на економската соработка.
За време на состанокот, кој, се посочува во соопштението, помина во конструктивна атмосфера, грчката страна информираше за подготовките и приоритетите на Грчкото претседавање со Советот на ЕУ во првата половина на 2014 година. Договорено е следниот состанок да се одржи во Атина до крајот на 2013 година.

Консултациите во Скопје претставуваат продолжение на претходно одржаниот ваков состанок помеѓу претставници на двете институции во Атина на 7 јуни 2012 година.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски