Втора регионална средба за подобрувањe на услугите и политиките за мигрантите

Од:

Подобрени услуги и политики за мигрантите на општинско ниво во регионот. Ова е темата на која се дискутираше на втората регионална средба на координаторите од локалните мрежи од општините Скопје, Куманово, Гевгелија, Прешево, Ниш, Врање, Белград, Суботица, Сремска Митровица и Шид.

Проектот „Создаваме заедно: мониторинг и застапување за заедницата“ е имплементиран од Фондацијата „Конрад Аденауер“ во партнерство со Здружение на правници на Република Македонија и Здружение „Атина“ од Србија, а е финансиран од Европската унија.

Улогата на мрежите е да вршат мониторинг на политиките и услугите на локално ниво, да креираат извештаи кои ќе бидат маркер во наредниот период и ќе бидат испратени до сите засегнати страни.

Извештаите ја опишуваат моменталната состојба на мигрантите во земјата, од аспект на спроведување на целосна анализа на тековното законодавство во делот на заштита на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Претставниците на локалните мрежи потенцираа дека од исклучителна важност е следењето на политиките од страна на локалните мрежи бидејќи тие самите даваат придонес кон подобрување на институционалниот амбиент за интеграција на мигрантите во општеството.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски