Втора фаза од процесот на дигитализација

Од:

Компанијата ОНЕ ги информира гараѓаните што следат телевизија преку нејзината дигитална платформа дека почнува со реализација на вториот дел од процесот на дигитализација согласно барањето од Агенцијата за електронски комуникации.

-Процесот се состои во ослободување на фреквенциите од дигиталната дивиденда намената за 4Г технологијата во Македонија.Заради спроведување на овој сложен процес во периодот од 10 јуни до 01 септември 2013 ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ заради усогласување на фреквенциите, соопштуваат од ОНЕ и најавуваат дека при тој процес се можни прекини во програмата во одредени региони за што навремено ќе информирале.

Според известувањето од компанијата, во периодот од 08:00 до 13:00 часот предвидени се интервенции за 11 јуни во регионот на Радовиш и околните населените места, на 12. во регионот на Струмица, на 14. во регионот на Валандово и Дојран и на 15 јуни во регионот на Гевгелија и околните населените места.

По завршувањето на секоја интервенција неопходно е прескенирање на каналите, информира операторот.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Пендаровски: Неопходно е дигитално описменување и создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани

А1он

Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

Шаќири: Македонија лидер во регионот во процесот на дигитализација

А1он

Николовски: Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за спроведување на процесот на дигитализација

А1он

Нанев: Ќе бидат креирани електронски досиеја со факти за предметите

Жарко Настоски