Втор состанок на работната група за подготовка на измени на Законот за високо образование

Од:

Работната група за утврдување на потребата за измени на Законот за високо образование денеска ја одржа втората седница на која, како што соопшти Министерството за образование и наука, присуствувал и странскиот експерт за високо образование, Џамил Салми, кој ќе учествува во процесот на подготовка на нов закон за високо образование.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска, претставници од државните и приватните универзитети, синдикатите од областа на образованието и претставници од Професорскиот и Студентскиот пленум, се членови на оваа Работна група.

– Целта на Работната група е преку квалитетна дебата, да изготви нов Закон за високо образование којшто ќе ги опфати сите аспекти од статусот и организацијата на универзитетот, надлежностите на Сенатот, начинот на управување на факултетите, статусот на наставниците, начинот на кој студентите ќе се организираат во рамки на универзитетот и процесот на нострификација на дипломите, се наведува во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

Македонија во топ 20-те земји во светот чии високообразовани и стручни кадри заминуваат

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури