Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Од:

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека не размислува за повлекување на предлог-законот за високо образование и негова доработка, и покрај критиките од дел од академската јавност. Таа најави дека работната група која го подготвува законот ќе одржи уште една средба, по што текстот ќе биде пуштен во владина постапка.

Јаневска одговори и на барањата на група професори кои бараат повлекување на законот.

„Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв дека во иднина нема да можат да ги исполнат условите кои законот ги бара. Имаат две можности. Првата е сериозно да се фатат за работа. Втората е да останат во истото звање подолго време, па потоа, кога ќе бидат подготвени, да преминат во следното звање. Од тука ништо не губат, туку со одредено темпо, побрзо или побавно, ќе стигнат до целта“, изјави министерката.

Таа додаде дека голем дел од забелешките кои биле доставени за законот, а биле оценети како конструктивни, веќе се прифатени и се внесуваат во текстот.

„Бројни корекции се направени. Искрено се надевам дека сите ќе бидат задоволни“, рече Јаневска.

Според надлежните, измените на Законот за високо образование имаат за цел да го подобрат квалитетот на високото образование и да помогнат македонските универзитети да се најдат на Шангајската листа.

Критики има и од дел од професорите на државните и приватните универзитети. Тие сметаат дека предложениот закон нема да донесе вистинско подобрување на квалитетот. Според нив, иако формално се признава автономијата на универзитетите, во пракса таа се ограничува преку зголемена административна регулација, бројни процедури и централни одлуки.

Би можело да ве интересира

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата

Јаневска: Наставниците да не се плашат за своите работни места

А1он