Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

Од:

Викендов се одржува вториот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Учесниците на Школата за политики во рамки на вториот модул имаат можност да ги унапредат своите знаења на социо-економски теми поврзани со дигитализација и иновации во бизнисот, јавниот сектор и образованието, современи социјалдемократски и конзервативни социоекономски политики, вклученост и застапеност на лицата со попреченост во јавниот и политичкиот живот, родова еднаквост од економска и политичка перспектива и слично, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На вториот модул на Школата за политики се обрати проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, а воедно и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања, при што порача дека на вториот модул на Школата за политики ќе се даде критички осврт на економските модели и политики и ќе се овозможи дебата за клучни прашања од различни општествени сфери со особен нагласок на зелената економија, иновациите и процесот на дигитализација во економијата, но и промоцијата на правата на маргинализираните групи и нивната инклузија во општествените процеси.

Вториот модул се реализира со учество на еминентни предавачи и обучувачи од земјата и од странство, меѓу кои се и универзитетските професори д-р Ванчо Узунов и д-р Трајко Славески, членот на националната политичка платформа “Možemo” од Загреб, Теодор Целакоски, поранешната амбасадорка на Република Северна Македонија во Кралството Шведска, проф. д-р Александра Наќева-Ружин, главниот извршен директор на фондацијата „МК2025“ и член на Програмскиот совет на Претседателскиот центар, Никица Мојсоска-Блажевски и др.

Школата за политики е централна активност на Претседателскиот центар за политичко образование којшто е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Во Школата за политики учествуваат 43 млади професионалци на возраст од 25-35 години, со различно професионално искуство, кои веќе се или имаат интерес да бидат активни учесници во општествениот и политичкиот живот во државата. Целта на Школата е да се поврзат учесници од различно потекло коишто имаат желба со стекнатите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството.

Претседателскиот центар за политичко образование е основан од претседателот Пендаровски во партнерство со фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „Конрад Аденауер“, фондацијата „МК2025“, Националниот демократски институт (НДИ) и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Активностите на Претседателскиот центар се насочени кон промоција на културата на дијалог во духот на демократските вредности и придонесуваат за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски