Втор ден се слушаат „бомбите“ во „Титаник“

Од:

Во Кривичниот суд денеска продолжи преслушувањето на аудио материјалите поднесени како доказ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќемина поранешни функционери.

Во судницата присутни се сите обвинети, како и вешто лице од областа на информатиката и телекомуникациите.

„Бомбите“ почнаа да се слушаат од вчера, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, седум од вкупно 1.063 бомби ќе бидат слушнати без присуство на јавноста бидејќи се работи за приватни разговори.

Вчера беше договорено рочиштата заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкулоска да се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

За предметот „Титаник“, од страна на СЈО поднесени се 5.910 материјални докази и предложени се 191 сведок.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески