Управата за хидрометеоролошки работи очекува ноќеска и во тек на утрешниот ден да има пораст на водостоите од врнежите од дожд и снег кои продолжуваат и во вечерните часови.
– Според очекуваните количини на воден талог, појавата на снег и умерениот интензитет, врнежите не се очекува да предизвикаат поројни истекувања, па соодветно на тоа не се очекува да има појава на излевања од речните корита, со исклучок на некои помали водотеци каде има појава на засипани корита, укажува УХМР.