Врнежите ќе ги зголемат нивоата на реките, можни излевања

Од:

Зголемување на сливните подрачја на Треска, Пчиња и Кумановска, како и на горните делови на Вардар, Радика, Сатеска, Црн Дрим и Голема (Ресенска), но и покачување на нивото на природните езера, особено на Охридското кое денеска е пет сантиметри над дозволениот максимум, очекува УХМР од врнежите што се најавуваат за попладневните и вечерните часови.

Доколку на одредени места процесите локално бидат поинтензивни и врнежите бидат пообилни, можни се локални излевања на Треска кај Пласница, на Кумановска и во горниот дел од сливот на Вардар и Црна.

Според прогнозите на синоптичарите, на некои места се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен, додека на планинските места се очекува врнежите да бидат во вид на снег.

– Водостоите на реките во западниот дел на земјата се релативно високи, особено во сливот на Треска, Радика и горниот дел на Вардар. Предупредуваме на претпазливо следење на состојбата и внимателно движење покрај реките и суводолиците, велат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска