Времето ќе биде сончево, од утре дожд

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од 19 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.

Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска