Времен сообраќаен режим на дел од булеварот „Партизански одреди“ во Влае

Од:

Град Скопје соопшти дека поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, денеска во периодот од 10 до 18 часот дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Ѓорче Петров кон Карпош, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае до мостот Влајко, сообраќајот ќе се одвива преку улицата „Ацо Шопов“, па десно по улица „Иван Цанкар“ каде возилата ќе се вратат на булеварот „Партизански одреди“ пред мостот Влајко.

Поради овие градежни работи целосно ќе се пренасочат и автобусите од јавниот превоз, каде во правецот Ѓорче Петров – Центар, автобусите ќе сообраќаат по истата рута, а денеска нема да функционира автобуската постојка бр. 292 – Порта Влае.

Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски