ВРЕДИ се пофали дека оваа влада направила повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

Од:

Во еден единствен ден, вчера Владата во која вреди е рамноправен партнер донесе повеќе одлуки од суштинска корист и значење за Албанците во државата отколку што која било влада на ДУИ успеала да донесе во цел еден мандат. Овие резултати се доказ дека кога Албанците се вистински застапени на масата за одлучување, ветувањата стануваат дело, а декларациите – конкретни подобрувања во секојдневниот живот, велат од ВРЕДИ.

– Ние сме во Влада за да покажеме конкретни резултати за Албанците во Македонија.

Вчера беа донесени следните одлуки:

1. Закон за средни училишта на верските заедници.
За прв пат исламското средно училиште, Медресето “Иса Беу” Скопје добива јасен правен статус, чекор што ДУИ го ветуваше, но никогаш не го оствари.

2. Нов Закон за игрите на среќа
Коцкарниците и кладилниците се дислоцираат далеку од младите луѓе. Оваа мерка штити млади животи и семејни буџети од зависност, тема на која ДУИ молчеше со години.

3. 205 милиони евра за здравствена инфраструктура, каде е предвидено и:

Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово
Градба на нова болница во Кичево
Инвестиции што ќе обезбедат достоинствено лекување таму каде што живее мнозинството албанско население.

4. 110,5 милиони денари за нов водовод во Љуботен и Љубанци (Општина Бутел)
Долгоочекуваното решение за чиста вода во предел каде што живеат многу албански семејства конечно станува реалност, наместо политичка флоскула.

5. Санација на спортски терени во сите населени места
Создаваме здрави услови за младите, мотивирајќи ги да изберат спорт, а не пороци, нешто што децении беше оставено во запуштеност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Блерим Беџети е архитектот на неказнивоста за злосторствата врз Албанците

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ

Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски