ВРЕДИ: СДСМ и ДУи се браќа по заблуди

Од:

СДСМ и ДУИ се браќа во нивните заблуди. Едните веруваат дека имаат монопол за евроатлантската агенда, другите дека имаат монопол на стратешкото партнерство со САД. Ни едното, ни другото не е точно. СДСМ до вчера тврдеше дека за новата Влада не е приоритет ЕУ за да сега не обвинува дека сме ја прифатиле “нивната” реформска агенда. Сега што е точно, едното или другото велат од коалицијата ВРЕДИ.

– ДУИ, иако беше домаќин на Лавров во Скопје, пред изборите бараше да се каже НЕ на Русија. Али Ахмети ги лажеше сателитите дека САД нема да дозволи ДУИ да не биде дел од владината коалиција. Не само што мнозинството Албанци токму нив им кажаа НЕ на изборите, туку сега им ги тегнат ушите како Мики Маус за нивните планови за предизвикување тензии. Затоа, крајно време е СДСМ и ДУИ да излезат од лажниот филм во кој живеат. Ние не сме како нив да присвојуваме стратешки национални цели кои по природата на значењето надминуваат мандат на една Влада. Сепак, треба да прифатат дека токму нивното неодговорно и коруптивно владеење најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ. Реформската агенда е директна потврда дека ние работиме на динамизирање на полноправното членство во ЕУ. Тоа ги боли. Исто како што ги боли што ќе има правосудни реформи за отстранување на “мувлата” и ќе спроведеме бескомпромисна борба против корупцијата. Преминуваме на дела без разлика на сите опструкции, блокади и сопки од оние кои по секоја цена сакаат да ја избегнат правдата, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во ‘Мерцедес’, прасува ДУИ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело