ВРЕДИ: Мувлата на ДУИ од државните институции ќе биде искорнета

Од:

Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН. Ова е тешка демагогија. Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат нивното целосно разобличување пред јавноста. Затоа не случајно рековме дека треба да се преименуваат во Недемократска унија за дезинтеграција, стои во соопштението на коалицијата „ВРЕДИ“.

Мувлата на ДУИ во државните институции, како што оценуваат, има добиено наредба да ја опструира на секој можен начин работата на новата влада.

„По 22 години режим, тие оставија свои послушници во правосудството, дипломатијата, безбедносните служби, ресорните министерства, државните институции и медиумите. Нивната деструктивна агенда вклучува обиди за нарушување на билатералните односи со Косово, Бугарија, Грција, со цел да го попречат нашиот пат кон ЕУ.

Тие преку своите инсталации поставуваат пречки во системот за да ја спречат испораката на правдата, а нивните мегафони се задолжени да создаваат хистерија.

Албанскиот народ одамна ги има прочитано и веќе не паѓа на нивните трикови. Нивната исплашена структура, уште во првите два месеци од формирањето на новата влада, ги нуди своите услуги на коалицијата ВРЕДИ“, истакнуваат од коалицијата.

„ВРЕДИ“, како што додаваат, го избра потешкиот пат и нема да ја прибере мувлата на ДУИ.

„ВРЕДИ е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараат опција сосема спротивна од ДУИ. „ВРЕДИ“ ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Ваквото изолирано, програмски и кадровски нереформирано ДУИ е политичко минато“, потенцираат во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот