„Вреди“: Лицемерно е кога ДУИ рони солзи за правда

Од:

Не постои поголемо лицемерие од тоа ДУИ да рони солзи за правда. Доволни се само три блиц прашања. Кој правеше медиумска хајка за претседателката на Врховен Суд? Дали хајката имаше за цел аболициите на Ѓорѓе Иванов да важат и за Никола Груевски? Кој ги донесе срамните измени на Кривичниот закон? Заеднички именител на сите нарачани одлуки во судството е ДУИ! Партијата што со децении го користеше судството како алатка за заштита на својата власт и интереси, денес има дрскост да држи лекции за закон и морал, велат од коалиција „Вреди“.

Ова е партијата што во своите редови го има Бујар Османи – познат по делењето тендери како „бакшиш“ за своите „рента-а -кар“, како да се роденденски подароци, а не народни пари. Ова е партијата на Артан Груби – прогласен за нон грата од меѓународните партнери поради брутални мешања во правосудството, со цел да го ослободи од затвор Сашо Мијалков – симболот на организираниот криминал и корупцијата.

Ова е истата ДУИ чиј кадар, Иџет Мехмети, јавно призна дека за 10.000 евра помогнал во намалување на казна за криминалец. И ова е партијата што сакаше со црвен килим да го врати во Скопје уште еден нон грата – Никола Груевски.

Како сето ова не беше доволно, јавноста неодамна виде дека сите патишта на ова раководство повторно водат до Груевски и Сашо Мијалков. Зошто? Затоа што синот на Исмаил Јахоски – алиас Пуцко Петрол, најверниот човек на Али Ахмети – преку ортачки бизнис со луѓе од стариот режим испумпал 10 милијарди денари преку фиктивни договори и токсичен мазут што го труе воздухот што го дишеме секој ден.

Не само што краделе – туку и нè труеле. А денес, тие истите поединци што Изет Меџити и народот ги избркаа со гласови од Изборна Единица 1, имаат образ да зборуваат за чесност и европски стандарди? Албанците одамна го кажаа својот став: Нема повеќе место за Груби, Османи и за старите структури што го уништија политичкиот глас на Албанците. Нивното време заврши.

Би можело да ве интересира

Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

Вреди: По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски