ВРЕДИ го нарекува Таравари „бегот од Гостивар“ кој се враќа во криминалниот котел на ДУИ

Од:

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој казан, каде што се готвеа антиалбански планови, “бегот” од Гостивар, Арбен Таравари, решил да се врати. И не само тоа, се обидува да ги прошверцува и пратеничките мандати кои беа добиени во име на промената, велат од ВРЕДИ.

– Не беше одамна, само пред една година, токму во овој месец, кандидатите за пратеници кои денес се пратеници на Алијанса на Албанци, под логото на ВЛЕН, од врата на врата им велеа на граѓаните: „Ние сме промената“, „Ние не одиме со ДУИ“. Зиадин е предавникот затоа што сакаше да ѝ го продолжи владеењето на ДУИ.

Граѓаните ја кажаа својата волја, гласаа за промена. Промената дојде. Таравари дезертираше, но една армија не смее да ја следи слепо судбината на еден дезертер. Невнимателен дезертер не смее да ја определува насоката на една чесна, чиста и одлучна политичка структура. Сега е време за размислување, сите пратеници, членови и активисти треба повторно да се позиционираат таму каде што беа, на вистинската страна.

Ако го напуштивте Села поради тоа што, како што велите, неговото крило отиде со ДУИ, каде е тогаш логиката сега да стоите до Таравари, кој се враќа и кај Села и кај Ахмети? Ние веруваме во будноста на искрените активисти и вредните поддржувачи, промената само што започна, таа мора да продолжи.

Таравари е изморен, можеби затоа што, исто како Ахмети, не се искачуваше по планините и нема кондиција. Таравари работи на своето предвремено политичко пензионирање. ВЛЕН е и ќе остане штитот на Албанците, сега е моментот да застанеме на вистинската страна, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита