„Вреди“ ги претстави носителите на сите шест изборни единици, програмата ќе ја промовираат следната недела

Од:

Албанската опозициска коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ги претстави носителите во сите шест изборни единици. Носител во Првата изборна единица е Изет Меџити, во Втората Африм Гаши, во Третата Шенер Биљали, во Четвооката – Мендурим Зекмани, во Петката – Салим Сулејмани и во Шестата изборна единица Биљал Касами.

Претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори, како што рече, мнозинството гласови ги имала опозицијата.

– Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на промената која вреди. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме – емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа. Економијата и иселувањето бараат одговори, а Албанците промени, рече Таравари, кој најави дека на почетокот на следната недела ќе ја објават програмата за парламентарните избори.

Таравари нагласи дека коалицијата „Вреди“ ќе гарантира зголемување на минималната плата до 800 евра.

-Затоа, ние како коалиција „Вреди“, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Таа е единствената програма што ВРЕДИ. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените, изјави Таравари.

Носителот на листата во ИЕ број 1 и претседател на Демократското движење, Изет Меџити нагласи дека победата на нивната коалиција ќе донесе промени за општеството, особено за Албанците.

Меџити потенцира дека една од економските мерки што ќе ги преземат доколку победат на парламентарните избори ќе биде враќање на државните претпријатија во рацете на граѓаните.

-На сите граѓани во Северна Македонија ќе им се поделат 49 отсто од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10.000 евра. Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот, ќе донесат нова економска динамика во сите семејства, но ќе овозможат и внесување приватен капитал во овие претпријатија, што носи модернизација и развој. Овие политики, успешно спроведени во многу европски земји, време е да се имплементираат и кај нас. Десет илјади евра за секој поединец и повеќе капитал за претпријатијата и за стопанството, тоа е економијата што вреди, рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Лидерите на „Вреди“ на средба со Албин Курти

Коалиција „Вреди“: Правдата победи, волјата на граѓаните ќе надвладее

Горан Наумовски

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Предраг Петровиќ

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Горан Наумовски