ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

Од:

ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт“. Две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција, Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) веќе не се со ДУИ, велат од ВРЕДИ.

– На 14 август 2025, ДПТ официјално објави дека турската партија ја напушта коалицијата „Европски фронт“ и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи со ДУИ. Оваа одлука значи дека турската заедница, која во март 2024 година беше вовлечена во фронтот на Али Ахмети, сега се дистанцира и избира свој пат.

Само еден ден подоцна, на 15 август 2025 ДПА јавно соопшти дека преговорите со Али Ахмети пропаднале и дека ДПА нема да настапи заедно со ДУИ, ниту ќе биде дел од било каков заеднички договор. Со тоа, и една од постарите албански политички партии реши да ја напушти сцената на ДУИ.

Ова се факти кои покажуваат ДУИ губи поддршка од партиите што ја носеа на парламентарните избори. Веќе е јасно дека ДУИ ниту може да обедини, ниту може да победи.

Од ДУИ бегаат сите кои не се уценети од Али Ахмети, сите кои не сакаат да бидат во друштво на корумпирани политичари и сите кои не сакаат да бидат дел од погрешната политика.

ДУИ одамна го изгуби кредибилитетот кај граѓаните, а сега го губи и меѓу своите партнери. „Европскиот фронт“ кој се продаваше како обединувачка сила, денес е симбол на распад, недоверба и политичка слабост.

ВЛЕН уште еднаш потврдува дека иднината е во чесна политика, отвореност и работа за граѓаните, а не во уцени, корупција и лични интереси, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН