ВРЕДИ: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Од:

Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини. Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања, велат од коалицијата.

– Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“. ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот. ВРЕДИ јасно стои на ставот дека безбедноста на граѓаните е одговорност на институциите, а не тема за кампања, се вели во реакцијата од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Бакиу: ВРЕДИ е втората политичка сила во Македонија

А1он

Ѓорѓиевски на средба со Меџити и Бакиу: Добив силна поддршка за втор круг во Скопје

А1он

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски