ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание

Од:

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство, велат од Коалицијата ВРЕДИ.

– Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може ВЛЕН да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на Албанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи.

Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од Албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, впрочем како што претходно најавуваа.

Апелираме до здраворазумното членство на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство. Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди на добар пат се цела партија да биде ставена на црна листа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Болните и затворениците гласаат денеска пред утрешните повторени избори во четири општини

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини