Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

Од:

ДУИ не може да се претставува за чувар на евро-атланскиот курс на државата, затоа што има зад себе многу неодговорени и сомнителни прашања, се вели во соопштението на ВРЕДИ, велат од коалицијата Вреди.

– ДУИ не кажа зошто министерот Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата, а немал ниту една официјална иницијатива со Косово?
ДУИ не кажа и бега да каже на колку ручеци, вечери и „пријателски прошетки“ присуствувале Али Ахмети и Бујар Османи лично со претседателот на Србија, Александар Вучиќ?

ДУИ нема да ја слушнете да каже колку често Османи се среќавал со српскиот амбасадор во Скопје и зошто не ја информирал јавноста за секоја од тие средби?
ДУИ и должи на јавноста информација за тоа олку пати Османи патувал приватно во Србија и зошто јавноста никогаш не дозна за тие посети.
Додека ДУИ не даде одговор на овие прашања, нека не се лажат дека некој им верува и ги гледа различно од тоа што се, партија на црната листа на нашите стратешки западни партнери.

Да потсетиме дека партијата што ја туркаше „Отворен Балкан“ како интеграција со Србија и игнорираше соработка со Косово е токму ДУИ. ДУИ е истата партија што ја прогласуваше брзата лента на границата со Србија за „историски успех“, но не мрдна прст за премините Блаце и Јажинце спрема Косово или преминот Ќафасан кон Албанија.

Да потсетиме и тоа дека ДУИ е партијата што учествуваше во градба на автопати од Табановце кон Гевгелија, а не изгради ниту 1 км автопат по коридорот 8.
ДУИ сака да се претстави како „заштитник“ на Албанците, но нивните дела сведочат за спротивното: огромен број на средби со српските власти, увоз на српски идеи, соработки со Србија, игнорирање на соработката со Косово. Европска интеграција не се брани со селективна дипломатија. Ако Османи нема време за Приштина, нема кредибилитет да зборува за „српски свет“. Вистинскиот патриотизам се мери во километри автопат, не во селфи-дипломатија со Вучиќ. Албанците заслужуваат транспарентност и затоа секој службен или приватен состанок со Белград мора да биде јавно објавен. Дотогаш, секоја нивна реакција останува обид да се фрли магла врз сопствените пропусти, велат од Вреди.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието