ВРЕДИ: Барањето на ДУИ за предвремени избори има ист ефект со “гурабиите и кексите“ кои ги делеше Ахмети во кампањата

Од:

ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите. Така, Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во Влада наместо ВЛЕН. Јавно се закануваа со „чизми на таванот“, а по налог на СДСМ на улиците апсеа невини Албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница, велат од ВРЕДИ.

– Ако некој директно работел против интересите на Албанците, тоа се Али Ахмети и кројачот на дворски игри, Бујар Османи – човекот што го донесе Лавров во Скопје, што делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите луѓе и раздаваше дипломатски пасоши на кого стигне, вклучувајќи ја и Татјана Димитровска, денес осомничена за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“.

Само политички слепци не гледаат дека ако локалните и парламентарните избори се одржат заедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 60 пратеници. ДУИ не извлече никаква поука. Напротив, продолжува да ја зајакнува ВМРО-ДПМНЕ со лаги за наводна деалбанизација, плашејќи го сопствениот народ со празни приказни.

Но Албанците не се наивни! Знаат дека „Пржинска влада“ им треба на ДУИ само за едно нешто: за да го спасат криминалот на Али Ахмети и да ги сокријат досиејата што секој ден излегуваат на виделина!

ДУИ денес личи на уплашен ученик кој ја заборавил домашната задача, трча од еден на друг крај барајќи спас, затоа што знае дека без контрола врз МВР и државните институции, тие се ништо!
Но времето на уцени заврши!

На фер и демократски избори, ВЛЕН нема само да ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати таму каде што одамна ѝ е местото, во политичката историја, се вели во соопштението од коалицијата.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

Детектор за лаги треба под итно да се инсталира во штабот на ДУИ во Мала Речица, велат од Влен

Горан Наумовски

ДУИ за 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините, велат од Влен

Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Горан Наумовски