ВРЕДИ: Албанците нема да станат жртви на нечии деструктивни сценарија

Од:

Коалицијата ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија. И покрај организираните напади и шпекулациите од страна на Недемократската Унија за Дезинтеграција, ние продолжуваме да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво. Посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во Албанија, каде што оствари средби со државниот врв на Албанија, ги потврди нашите силни и братски врски, велат од коалицијата ВРЕДИ.

– Исто така, посетата на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, во Австрија, со цел напредокот на интеграцијата на земјата во Европската Унија, ја потврдува нашата решителност за динамизирање на евроинтегративната агенда. Во исто време, ДУИ, која е затрупана со корупциски скандали, продолжува да игра опасна игра со единствена цел да ги користи Албанците како штит за да избегне правдата. Но, правдата ќе ги стигне!

Додека нивните мегафони добиле задача да шират фама дека Али Ахмети наводно е на линија на ЦИА, всушност не само што прават уште еден фаул туку и ја сокриваат суровата вистина. После бојкотот на вториот круг на претседателските избори, непристојните понуди кон ВМРО-ДПМНЕ за влез во Влада без никакво достоинство и услови, корупциските скандали на фамилијата на Ахмети, ДУИ без програмски и кадровски реформи е замрзнат на неодредено време. Притоа, јасно им е потенцирано дека секое играње по Руски ноти и предизвикување тензии ќе биде најостро санкционирано.

Се друго се обични бајки наменети за збивање на редовите на ДУИ и таканаречениот Европски фронт. Време е сите да разберат дека ВЛЕН нема да дозволи темната игра на манипулации и шеми за тензии да ги направи Албанците жртви на една политичка корумпирана клика која 22 години се богатеше на нивниот грб. Ние ќе продолжиме да се бориме за интересите на нашиот народ и со посветена работа да го обезбедиме сигурниот напредок на нашата земја, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ бара истрага за наводите поврзани со тендери за заштитни огради во времето на Ејуп Рустеми

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on