Вранишковски од Идризово пренесен во Шутка

Од:

Јован Вранишковски, расчинетиот владика на МПЦ, од затворот во Идризово е пренесен во Истражниот затвор „Шутка“.

На Вранишковски ќе му се суди за нови кривични дела, кои тој ги извршил.

Православната охридска архиепископија (ПОА), каде што Вранишковски е поглавар, апелира, судските органи внимателно и со разум да се однесуваат, бидејќи според нив, тој се наоѓа во лоша здравствена состојба. Која , велат е поради лошите затвороски услови.

Напоменуваат дека Вранишковски има дијабетис и сериозни проблеми со рбетниот столб, и во истражниот затвор „Шуто Оризари“ во сурови услови е држен 23 часа во затворска келија и имал можност од еден час движење помеѓу затворските ѕидови, а не му бил дозволено излегување во дворот!

„Апелираме до судските органи на разум и милосрдност, дека сосема е очигледно дека во демократските општества слободата на уверувањето не се решава со затвор“, стои во реакцијата на Православната охридска архиепископија.

Би можело да ве интересира

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ