Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2014 година.

Добитници на наградата, која се доделува во чест на празникот „Свети Климент Охридски, се историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Витомир Митевски.

За ректорот на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, Стојковски, наградата е од големо значење, затоа што е висока државна награда, а истовремено го носи и името на еден од основоположниците на словенската писменост и образование.

– Денес сум посебно среќен што дадов придонес во образованието во Република Македонија и што во изминатите 25 години учествував во образувањето на бројни генерации студенти, давајќи им и знаење и покажувајќи му го вистинскиот пат во животот. Како да се образува не е лесно, не е лесно и да се воспитува и токму затоа да се биде професор не е обична професија. Тоа е професија која што трае цел живот. Тоа е мисија на младите луѓе да им се даде знаење и образование, нагласи Стојковски.

Историчарот Шериф изрази верување дека наградата е резултат на неговото 35-годишно работење во една обемна научна институција каде придонесувал со своите научни трудови и обрaзование.

Наградата „Св. Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Во рамки на одбележувањето на празникот, делегација на Владата, во чиј состав беа министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа – Милевска и Миле Јанакиески и заменик министерката за правда Билјана Бришкоска – Бошковски, како и делегација на Град Скопје положија цвеќе на споменикот Свети Климент Охридски, пред Соборниот храм во Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

На натпреварот доби вила вредна 3,5 милиони евра: Од неа се исели по 3 дена за да не го загуби животот

Предраг Петровиќ