Врачена државната награда „Мајка Тереза“

Од:

Државната награда „Мајка Тереза“  денеска во Собранието и беше врачена на Поликсена Илиоска, професор по одделенска настава, дипломиран педагог, основач и претседател на Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК во Скопје.

Наградата се доделува по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на хуманистката „Мајка Тереза“  и тоа за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите и припадниците на различните заедници, култури и вери.

– Оваа награда за мене значи засилување на моите емоции, потхрнување на мојата душа, поттик, сила и мотив повеќе да продолжам по патот на хуманоста, којшто веќе одамна го имам трасирано. И понатаму да помагам неуморно на секому кому му е потребна мојата помош без разлика на која вера, култура или заедница и припаѓа. Но, секогаш со божја помош можеме да одиме напред во животот, изјави Илиоска.

Таа информираше дека денеска во рамките на проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни“ на Клиниката за детски болести се одржа еден од настаните што ги органбизира Здружението чиј што основач е таа. – Во рамки на овој проект барем еднаш месечно планираме пригодна програма за дечињата, како и за време на новогодишните празници на истата Клиника. Од областа на култура планираме продолжување на проеkтите, како што се оние во Крушево и во Скопје, рече Илиоска.

Мајка Тереза (1910-1997) е хуманистка родена во Скопје. Таа била мисионерка на добрината и добитничка на бројни награди, меѓу кои и Нобеловата.

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“