Вработените во СВР Куманово даруваа крв во третата по ред крводарителска акција

Од:

Припадниците на Секторот за внатрешни работи од Куманово денеска даруваат крв на третата по ред редовна крводарителска акција што ја организира СВР Куманово во соработка со општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина.

До крајот на денешната крводарителска акција се очекува да бидат дарувани околу 70 крвни единици.

– Секоја година организираме по три крводарителски акции за вработените во СВР Куманово и организационите единици коишто гравитираат на нашето подрачје. Вообичаено се очекува околу 70 единици да бидат дарувани, изјави Виолета Богдановска од Отсекот за превенција.

Таа нагласи дека во последно време расте бројот на крводарители од женскиот пол вработени во СВР Куманово.

Доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје соопшти дека досега има околу 50 дарители но, оти има уште пријавени.

Акциите во кумановската полиција се одржуваат во февруари, јуни и октомври.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе