Вработените во СЈО чекаат плата за септември

Од:

Обвинителите, стручната и административно-техничка служба сè уште не ја добиле септемвриската плата од СЈО. Законскиот рок истекува утре, но извесно е дека до крајот на неделата тоа нема да се случи.

Специјалните oбвинители треба да ја добијат последната половина плата за септември. Истражителите, пак, треба да ги добијат само додатоците на плата, бидејќи тие плата добиваат од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција.

Списоците за исплата на плата биле подготвени, но поради разрешувањето на доскорешната шефица Катица Јанева, никој нема овластување да ги пушти пресметките за исплата.

Останува неизвесно дали вработените во СЈО овој месец ќе ги добијат високите надоместоци за доверливост кои Јанева со години им ги исплаќаше на вработените, или сепак тоа ќе биде само чистата плата и додатоците.

Според информации на „А1он“ неколку вработени во СЈО сакале доброволно да си заминат, но и во тоа се блокирани, бидејќи нема потписник на решенијата за прекин на нивниот работен однос.

Ова прашање може да се реши со измени на Законот за јавнообвинителски службеници, кое Министерството за правда го испрати до Собранието.

„Пратен е во Собрание и очекуваме да се стави на седница. Со законот републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределбата на вработените, да потпишува плата или практично да го менува специјалниот јавен обвинител со сите овластувања во однос на вработените“, одговорија од Министерството за правда за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов