Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

Од:

Вработените во Медиумска информативна агенција – МИА денеска повторно го изразија незадоволството од непостапување по нивните барања.

Вработените по шестти пат излегоа на предупредувачки протест, поддржан од ССНМ, поради тоа што нивното барање за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година. Покрај зголемување на платите, исто така бараат и порамнување на трошоците за живот.

Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека се разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања, но за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за понеделник во 11 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите