Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Од:

Поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), попладне во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.

– Денеска со почеток во 17 часот, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, лево по улицата Филип Втори Македонски, десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до Владата. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје – се наведува во соопштението.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се движат учесниците на протестот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Потрошувачката кошница надмина 70 илјади денари

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

Синдикалната минимална кошница за септември е 69.432 денари

А1он