Вработени во градинка утре ќе простестираат во Струга

Од:

Во струшката градинка „Сонце“ 11 вработени со договор на дело утре треба да одржат мирен протест во знак на револт од состојбата во која што се наоѓаат.

Тие велат дека никој не се придржува кон договорите со нив, но и оти не им се исплатени три плати. Од локалната самоуправа во Струга велат дека револтот на вработените е оправдан и дека тие вработени и се потребни на градинката заради нормален престој на децата и нејзино поуспешно функционирање.

Меѓу нив има и такви кои 10 години работат со договор на дело , а се со различни профили на работа. Во градинката во Струга учат деца од сите националности, а во рамките на оваа образовна установа работат неколку објекти.

„Се работи за вработени кои неколку години работат со договор на дело.Нив од сопствени средства ги плаќаше градинката но и Министерството за труд и социјална политила.

– Ние помагаме но не можеме во целост да се носиме со тој терет бидејќи во буџетот на општина Струга тоа не е предвидено, иако со одреден процент и во иднина ќе ги помагаме“ вели градоначалмикот Рамиз Мерко.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра