Вработен во УЈП Тетово приведен поради примање поткуп

Од:

Вработен во УЈП Тетово, денеска околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е приведен од полициски службеници поради барање и примање поткуп.

МВР соопшти дека станува збор за триесет и осум годеишно лице, кој како вработен во УЈП Тетово побарал 300 евра на лице од Гостивар за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци.

Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на лицето кое работи во УЈП.

Лицето се обидело да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата.

М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов