Вработен во тетовска пошта си исплаќал пари за себе од сметка на пернзионер

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(32) од  тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци.

Пријавениот, вработен во Македонска пошта – подружница Тетово, Долно Палчиште, тетовско, ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28 април 2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примател на пензија.

„Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело злоупотреба на лични податоци. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал“, информираа од МВР.

Би можело да ве интересира

Има работници кои не доаѓаат на работа и такви кои не знаат што им се задачите, алармира синдикатот на „Македонска пошта’

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест во националната Пошта

Катерина Ѓуровски

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов